Loading Events
This event has passed.

БЕСПЛАТНА конференција за промоција на програмата за едукација на специјалните едукатори и рехабилитатори за нарушувања од спектарот на аутизам, промоција на материјалите за едукација и споделување на интересни откритија до кои дојдовме преку нашето истражување.

Како дел од проектот, беа планирани еднодневни конференции во Белгија, Хрватска, Полска и Република Северна Македонија. Но, поради COVID-19 направиме промена. Тимот на проектот во моментов работи на одржување на овие конференции преку инернет страницата на проектот при што конференцијата ќе биде достапна три недели во месец Јуни (од 8 до 28 Јуни). Ова ќе им овозможи на сите заинтересирани да имаат подобар пристап до материјалите и покрај нивната зафатеност со онлајн активности во перидодов во кој се наоѓаме.

Предмет на дискусија на конференцијата ќе биде:

  • Програма и материјали за едукација на специјалите едукатори и рехабилитатори
  • Извештај од иницијалната анализа на состојбата
  • Резултати од евалуацијата
  • Препораки за носење на законски регулативи
  • Информации од спроведените едукации

Придружете ни се на оваа конференција за да слушнете за нашите искуства и да разговарате на различни теми со други професионалци кои работат на поддршка на лицата со аутизам.

Доколку сакате да се приклучите на онлајн конференцијата регистрирајте се овде.

 

This website uses cookies and third party services. Ok