ASD-EAST Курикулум

Опис на едукацијата

Преку различни форми за едукација претставени со предавања, работилници, групни дискусии, студии на случај и секојдневни примери од училишниот живот, фокусот на ASD-EAST едукацијата е насочен кон:

  • усвојување на нови знаења;
  • подобрување на разбирањето и
  • подобрување на практичните вештини во примена на соодветни стратегии за подучување на учениците со нарушувања од спектарот на аутизам од основните редовни и посебни училишта.

Овој курикулум е создаден преку користење на различни извори: преглед на литература, преглед на тековните „најдобри практики“ за аутизмот и спроведување на истражување за знаењата, самодовербата и идентификување на потребите за обука на специјалните едукатори и рехабилитатори кои работат со децата со аутизам во Хрватска, Р.С Македонија и Полска. Курикулумот содржи шест модули кои се однесуваат на следниве теми:

  1. Поттикнување на комуникацијата
  2. Развој на емоционална регулација
  3. Социјални вештини
  4. Сензорни потреби
  5. Прилагодување на околината и на курикулумот
  6. Предизвикувачко однесување

Целите на едукацијата се:

  • Подобрување на знаењето и разбирањето за различните потреби на учениците со нарушувања од спектарот на аутизам (АСН);
  • Подобрување на вештините на стручните лица кои работат со ученици со АСН во различни организациони услови;
  • Оспособување на стручните лица во носење на одлуки засновани на докази за поддршка на инклузијата и учеството на учениците со АСН во редовните и специјалните училишта;
  • Поддршка на стручните лица во развој на нивните вештини за комуникација и ефективно соработување со родителите и другите стручни лица, при што, нивните сознанија за учениците со АСН да се споделуваат во училиштата и заедниците

преглед на документ

.

од страна на

Dr David Preece (University of Northampton)

Dr Natalija Lisak (University of Zagreb)

Dr Ivana Lessner Listiakova (University of Northampton)

Dr Jasmina Stošić (University of Zagreb)

Dr Joanna Kossewska (Pedagogical University of Krakow)

Dr Jasmina Troshanska (Autism Macedonia Blue Firefly)