БЕСПЛАТНА конференција за промоција на програмата за едукација на специјалните едукатори и рехабилитатори за нарушувања од спектарот на аутизам, промоција на материјалите за едукација и споделување на интересни откритија до кои дојдовме преку нашето истражување.
Како дел од проектот, беа планирани еднодневни конференции во Белгија, Хрватска, Полска и Република Северна Македонија. Но, поради COVID-19 направиме промена. Тимот на проектот во моментов работи на одржување на овие конференции преку инернет страницата на проектот при што конференцијата ќе биде достапна три недели во месец Јуни (од 8 до 28 Јуни). Ова ќе им овозможи на сите заинтересирани да имаат подобар пристап до материјалите и покрај нивната зафатеност со онлајн активности во перидодов во кој се наоѓаме.
Предмет на дискусија на конференцијата ќе биде:
- Програма и материјали за едукација на специјалите едукатори и рехабилитатори
- Извештај од иницијалната анализа на состојбата
- Резултати од евалуацијата
- Препораки за носење на законски регулативи
- Информации од спроведените едукации
Придружете ни се на оваа конференција за да слушнете за нашите искуства и да разговарате на различни теми со други професионалци кои работат на поддршка на лицата со аутизам.
Доколку сакате да се приклучите на онлајн конференцијата регистрирајте се овде.