By I. Lessner Listiakova, D. Preece, J. Stošić, N. Lisak, J. Troshanska & J. Kossewska

Оваа студија (истражување) беше реализирана од партнерите од АСД-ЕАСТ проектот (Универзитетот од Загреб, Универзитетот од Нортхемптон, Педагошкиот Универзитет од Краков, Сина Светулка) во периодот есен/зима 2018-19 година.

Истражувањето беше спроведено преку собирање на квантитативни и квалитативни податоци со анкетни прашалници и преку одржување на фокус групи. Во истражувањето учествуваа специјални едукатори и рехабилитатори од редовни и од посебни училишта.

Квантитативната база на податоци се состои од податоци за 294 стручни лица од сите земји и тоа:

  • 103 (35%) од Хрватска,
  • 73 (25%) од Северна Македонија,
  • 118 (40%) од Полска.

Од вкупниот број на учесници во истражувањето 137 (47%) работат во редовни училишта, додека 157 (53%) работат во посебни училишта.

Квалитативната база на податоци се состои од податоци кои се собрани преку спроведување на 6 фокус групи. Во секоја земја учесник беа реализирани по 2 фокус групи и тоа: по една фокус група од специјални едукатори и рехабилитатори од редовните училишта и по една од специјални едукатори и рехабилитатори од посебните училишта.

View Document